Акар: Републиката е свет аманет кој ни е оставен во наследство од нашите честити шехиди и нашите јуначки газии

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во пораката што по повод 29 октомври Празникот на Републиката рече: „Треба да се знае дека нашата Република е свет аманет кој ни е оставен во наследство од нашите честити шехиди и нашите јуначки газии“

1726381
Акар: Републиката е свет аманет кој ни е оставен во наследство од нашите честити шехиди и нашите јуначки газии

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во пораката што ја објави по повод 29 октомври Празникот на Републиката истакна дека се доживува гордоста и воодушевувањето од прославувањето на 98-годишнината од формирањето на Републиката под водство на Гази Мустафа Кемал Ататурк.

Акар рече: „Треба да се знае дека нашата Република е свет аманет кој ни е оставен во наследство од нашите честити шехиди и нашите јуначки газии. Нашиот најголем приоритет е да се развива од секој аспект овој аманет и да се заштитува со претпазливост од сите можни опасности.“

Појаснувајќи дека турскиот народ отсекогаш презентирал волја за живеење во независност во текот на неговата славна историја и успеал да извојува победа во бројни борби, Акар рече: „И нашата Република е формирана на крајот на Националната борба што ја започна со принципот 'независност или смрт', која претставува манифестација на една таква волја и која значи дека нашиот племенит народ дури и под најтешки услови нема да се откаже од својата независност.“

Тој нагласи дека Републиката која уште од денот на своето формирање до денеска ја присвоила целта „да се искачи над нивото на современите цивилизации“ постигна значајни достигнувања речиси на секое поле во правец на овој принцип, а воедно подвлече дека со големите успеси коишто ги постигна под лиерство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, денес стана субјект во меѓународните односи и со секој поминат ден се прошируваат влијанието и просторот на делување и интресирање на Турција  која е дојдена во состојба на ефикасна сила во регионот во кој се наоѓа и во светот.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар додаде дека Министерството за национална одбрана, со сите негови институции на чело со Турските вооружени сили (ТВС) работи неуморно деноноќно за да ја води Република Турција со доверба кон иднината.

 



Слични вести