Усвоено претседателското одобрение за испраќање војници во странски земји со меморандум

Одобрението беше усвоено со гласовите „за“ на Партијата на правда и развојот (АКП), Партијата за националистичко движење (МХП) и Добрата партија

1725544
Усвоено претседателското одобрение за испраќање војници во странски земји со меморандум

 

Претседателското одобрение за испраќање војници во странски земји со меморандум кое се однесува на испраќање војници во Сирија и Ирак на 2 години, беше усвоено во Големото национално собрание на Турција (ТБММ).

На вчерашната седница на Собранието беше разгледано одобрението за продолжување на овластувањата дадени на претседателот на Република Турција за испраќање на Турските вооружени сили во Ирак и Сирија за прекугранични операции и интервенции, за уште 2 години, доколку е потребно.

Во меморандумот беше подвлечено дека сè повеќе продолжуваат и растат случувањата во регионите во непосредна близина на јужните копнени граници на Турција и ризиците и заканите од тековното конфликтно опкружување.

Гласањето се одржа по говорите на претставниците на политичките партии.

Со гласовите „за“ на Партијата на правда и развојот (АКП), Партијата за националистичко движење (МХП) и Добрата партија наспроти гласовите „не“ на Републиканската народна партија (XХП) и Демократската партија на народите (ХДП), рокот на предлог одобрението беше продолжено за уште 2 години.



Слични вести