Во операција во северниот дел на Ирак загина еден турски војник, а еден војник е ранет

Министерството за национална одбрана (МНО) соопшти дека во реализирана операција против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак стана шехид (загина)еден турски војник, а еден војник е ранет.

1724851
Во операција во северниот дел на Ирак загина еден турски војник, а еден војник е ранет

Во реализирана операција против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак стана шехид (загина) еден турски војник, а еден војник е ранет.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана (МНО) се истакнува следното: „При експлозија на рачна експлозивна направа поставена од страна на терористите на 25 октомври 2021 година во подрачјето на операцијата Шепа-Гром (Pençe-Yıldırım) стана шехид (загина) еден наш јуначки соборец, а еден јуначки соборец е ранет кој веднаш е префрлен на лекување во болница.“

 



Слични вести