Во близина на Ајваџик кај Чанаккале се спасени 35 нерегуларни мигранти

Екипите на турската крајбрежна стража во близина на населеното место Ајваџик кај градот Чанаккале спасија од морето 35 нерегуларни мигранти чиј гумен чамец бил одвлечен од брановите

1725090
Во близина на Ајваџик кај Чанаккале се спасени 35 нерегуларни мигранти

Во близина на населеното место Ајваџик кај градот Чанаккале од страна на екипите на крајбрежната стража се спасени од морето 35 нерегуларни мигранти чиј гумен чамец бил одвлечен од брановите.

Група нерегуларни мигранти кои се подготвувале по незаконски патишта да преминат на грчкиот остров Лезбос (турски Мидилли) откако им се расипал моторот на нивниот чамец и биле одвлечени од брановите, побарале помош.

Притоа 35 лица државјани на различни земји биле спасени од морето од страна на екипите на турската крајбрежна стража кои им пристигнале на помош.

Спасените нерегуларни мигранти по законските постапки беа испратени во Центарот за странци за враќање назад во Ајваџик.



Слични вести