Претседателот Ердоган пречекан со официјална церемонија во Зенгилан во Азербејџан

Претседателот Ердоган во селото Агали кај градот Зенгилан беше пречекан со официјална церемонија од страна на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев

1725358
Претседателот Ердоган пречекан со официјална церемонија во Зенгилан во Азербејџан

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Азербејџан кадешто отпатува во еднодневна работна посета во селото Агали кај градот Зенгилан беше пречекан со официјална церемонија од страна на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.

Претседателот Ердоган и азербејџанскиот претседател Алиев откако заедно ја пресекоа црвената лента и свечено го отворија Меѓународниот аеродром во Фузули го прошетаа аеродромот.

Двајцата претседателит Ердоган и Алиев учествуваа и на свеченото поставување на камен темелникот за изградба на магистралните патишта Ахметбејли-Фузули-Шуша, Ахметбејли-Хорадиз-Минџиван-Агбенд и на Кампусот за паметно земјоделство  во Зенгилан со придонесите и на Турција.

Потоа, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган премина во селото Агали кај градот Зенгилан кадешто во негова чест беше приредена официјална церемонија на дочек.

Откако Ердоган и Алиев ги зазедоа своите места на местото на церемонијата беа интонирани националните химни на Турција и Азербејџан.

Претседателот Ердоган заедно со азербејџанскиот претседател Алиев ја поздравија почесната гарда.

По официјалниот дочек, двајцата претседатели Ердоган и Алиев преминаа на средба лице в лице, а потоа се одржаа и меѓуделегациски разговори.

На приредениот официјален дочек присуствуваа и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу, министерот за национална одбрана Хулуси Акар, министерот за животна средина и урбанизам Мурат Курум, шефот на одделот за комуникации при претседателството Фахреттин Алтин и портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин, како и голем број азербејџански министри.

 



Слични вести