Претседателот Ердоган отпатува во еднодневна работна посета на Азербејџан

Претседателот Ердоган за време на неговата денешна еднодневна работна посета на Азербејџан е придружуван од страна на мнгучлена делегација меѓу кои се наоѓаат и неоколкумина министри

1725069
Претседателот Ердоган отпатува во еднодневна работна посета на Азербејџан

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на покана на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, изутринава од Аеродромот Есенбога во Анкара отпатува во еднодневна работна посета на Азербејџан.

Претседателот Ердоган за време на оваа негова посета го придружуваат министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу, министерот за национална одбрана Хулуси Акар, министерот за животна средина и урбанизам Мурат Курум, шефот на одделот за комуникации при претседателството Фахреттин Алтин и портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин.

Претседателот Ердоган во рамките на посетата ќе присуствува на свеченото отворање на Меѓународниот аеродром во Фузули кој со Војната за татковината беше ослободен од ерменска окупација, како и на церемониите на поставување на камен темелникот на магистралниот пат во подрачјето и на Кампусот за паметно земјоделство што ќе биде изграден во Зенгилан со придонесите и на Турција.

За време на посетата ќе бидат преразгледани односите меѓу Турција и Азербејџан и ќе бидат разгледани чекорите коишто ќе бидат преземени за уште повеќе продлабочување на соработката помеѓу двете земји.

На разговорите, освен билатералните односи се предвидува да бидат разменети и мислења во врска со актуелни регионални и меѓународни случувања.



Слични вести