Претседателот Ердоган на Меѓународниот аеродром во Фузули пречекан од страна на Илхам Алиев

Претседателот Ердоган на новоизградениот Меѓународен аеродром во Фузули беше пречекан од страна на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев со што стана првиот претседател кој слета на овој аеродром

1725185
Претседателот Ердоган на Меѓународниот аеродром во Фузули пречекан од страна на Илхам Алиев
erdogan azerbaycan.jpg
Erdoğan Aliyev Fuzuli Havalimanı.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска престојува во еднодневна работна посета на Азербејџан.

Авионот во кој се наоѓаше претседателот Ердоган слета на Меѓународниот аеродром во Фузули кој е првиот аеродром изграден од страна на Азербејџан на ослободените територии од ерменска окупација.

Претседателот Ердоган на аеродромот во Фузули беше пречекан од страна на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев со што стана првиот претседател кој слета на овој аеродром.

Двајцата претседатели Ердоган и Алиев ја пресекоа црвената лента со што беше свечено отворен Меѓународниот аеродром во Фузули, а потоа заедно ја прошетаа зградата на аеродромот и беа информирани од страна на надлежните. 

Претседателот Ердоган во рамките на еднодневната работна посета на Азербејџан заедно и со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев освен на свеченото отворање на Меѓународниот аеродром во Фузули кој со Војната за татковината беше ослободен од ерменска окупација и на свеченото поставување на камен темелникот на магистралните патишта Ахметбејли-Фузули-Шуша, Ахметбејли-Хорадиз-Минџиван-Агбенд, потоа учествуваше и на свеченото поставување на камен темелникот на Кампусот за паметно земјоделство што ќе биде изграден во градот Зенгилан со придонесите и на Турција.

За време на посетата ќе бидат преразгледани односите меѓу Турција и Азербејџан и ќе бидат разгледани чекорите коишто ќе бидат преземени за уште повеќе продлабочување на соработката помеѓу двете земји.

На разговорите, освен билатералните односи се предвидува да бидат разменети и мислења во врска со актуелни регионални и меѓународни случувања.

 



Слични вести