Претседателот Ердоган му го честита реизборот на претседателот на Узбекистан Мирзијоев

Pретседателот Ердоган разговараше телефонски со претседателот на Узбекистан Шавкат Мирзијоев на кого му честита за реизборот и посака изборните резултати да бидат аирлија (за добро, корисни) за братскиот узбекистански народ

1724879
Претседателот Ердоган му го честита реизборот на претседателот на Узбекистан Мирзијоев

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган оствари телефонски разговор со претседателот на Узбекистан Шавкат Мирзијоев.

Според објавеното соопштение од Одделот за комуникации на претседателството, претседателот Ердоган му честита на неговиот узбечки колега Мирзијоев за реизборот за претседател на Узбекистан и посака изборните резултати да бидат  аирлија (за добро, корисни) за братскиот узбекистански народ.

Велејќи дека верува оти во новиот период ќе бидат уште повеќе зајакнати односите помеѓу двете земји кои својата сила ја добиваат од заедничката историја и култура и дека стратешкото партнерство со солидарност и искреност ќе зајакне уште повеќе, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во телефонскиот разговор со неговиот узбечки колега Шавкат Мирзијоев, истакна дека ќе ги продолжат напорите за развивање на односите помеѓу Турција и Узбекистан на секое поле, на начин што ќе се придонесе за регионалната безбедност, стабилноста и просперитетот.

 



Слични вести