Прајс: Администрацијата на Бајден е во потрага по соработка со Турција во заеднички приоритети

Портпаролот на Стејт департментот Прајс рече: „Администрацијата на Бајден е во потрага по соработка со Турција во заеднички приоритети и како наш сојузник во НАТО ќе продолжиме да го користиме патот на дијалогот, за решавање на било какво недоразбирање“

1724941
Прајс: Администрацијата на Бајден е во потрага по соработка со Турција во заеднички приоритети

Соединетите Американски Држави (САД) соопштија дека „се во потрага по соработка со Турција во заедничките приоритети“.

Откако амбасадорите на САД во Анкара и на неколку други земји минатата недела објавија соопштение на своите профили на социјаната мрежа Твитер со повик за пуштање на слобода на бизнисменот Осман Кавала, истите амбасадори вчера фрлија чекор назад и на своите профили преку социјалната медија овојпат споделија соопштение во кое укажувајќи на членот 41 од Виенската конвенција соопштија дека „нема да се мешаат во внатрешните работи и ќе се придржуваат кон законите на Турција.

По ваквиот развој на настаните пристигна соопштение и од САД.

Портпаролот на американскиот државен секретаријат (Стејт департментот) Нед Прајс на дневниот брифинг за печатот нагласи дека ќе продолжат да соработуваат со Турција и го рече следното: „Администрацијата на Бајден е во потрага по соработка со Турција во заеднички приоритети и како наш сојузник во НАТО ќе продолжиме да го користиме патот на дијалогот, за решавање на било какво недоразбирање. Веруваме дека најдобриот начин да се гледа напред, е да се соработува во сфери од заеднички интерес и знаеме дека имаме голем број заеднички интереси со Турција“.

Прајс напомена дека американскиот амбасадор во Анкара Дејвид Сатерфилд се уште е на должност, дека ги виделе последните изјави на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и дека ќе продолжат да го изнесуваат прашањето за владеење на правото и почитувањето на човековите права на глобално ниво.

„Го истакнуваме тоа дека соопштението што го објавивме на 18 октомври (за пуштање на слобода на Кавала) е во согласност (конзистентно) со членот 41 од Виенската конвенција. Ја потврдуваме нашата посветеност за проширување на владеењето на правото за почитување на човековите права на глобално ниво и ќе го продолжиме нашиот дијалог со Турција во согласност со член 41 од Виенската конвенција.“ - рече портпаролот на американскиот државен секретаријат (Стејт департментот) Нед Прајс.

 



Слични вести