Фахреттин Алтун: Нашата влада нема да се воздржи од преземање и на дополнителни чекори

Алтун во врска со проблемот со амбасадорите на 10 земји го рече следното: „Нашата влада нема да се воздржи од преземање и на други дополнителни чекори со коишто ако затреба ќе покаже дека никогаш нема да се откажеме од нашиот национален суверенитет“

1724987
Фахреттин Алтун: Нашата влада нема да се воздржи од преземање и на дополнителни чекори

Шефот на одделот за комуникации при претседателството Фахреттин Алтун направи проценка на соопштението коешто вчера беше објавено од страна на амбасадорите на 10 земји во Анкара со кое фрлија чекор назад од нивното претходно соопштение во кое упатија повик за пуштање на слобода на бизнисменот Осман Кавала, а во кое овојпат соопштија дека ќе останат посветени на членот 41 од Виенската конвенција за дипломатски односи.

Алтун во врска со проблемот со амбасадорите на 10 земји во Анкара го рече следното: „Нашата влада нема да се воздржи од преземање и на други дополнителни чекори со коишто ако затреба ќе покаже дека никогаш нема да се откажеме од нашиот национален суверенитет.“

Фахреттин Алтун на својот профил на социјалната мрежа Твитер објави соопштение со етикетата „благодариме Ердоган“ и го напиша следното: „Ние сме благодарни за лидерството што го покажа нашиот претседател Ердоган против неприфатливото соопштение објавено од 10 амбасади во Турција. Реакцијата на нашиот претседател на ова недолично соопштение е резултат на неговата посветеност и чувствителност кон нашиот национален суверенитет. Турција отсекогаш ги почитувала внатрешните работи на другите земји и никогаш не се мешала во нивните судски процеси во согласност со меѓународното право и вообичаените практикувања. Истото го очекуваме и од другите земји, а особено од сојузничките земји и нивните претставници во нашата земја. Нашето Министерство за надворешни работи им го даде потребниот одговор на овие странски мисии и ги предупреди за нивното неприфатливо однесување. Нашата влада нема да се воздржи од преземање и на други дополнителни чекори со коишто ако затреба ќе покаже дека никогаш нема да се откажеме од нашиот национален суверенитет.“

 



Слични вести