Во подрачјето на операцијата Извор на мирот во Сирија се неутрализирани четворица терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во подрачјето на операцијата Извор на мирот во Сирија се неутрализирани четворица терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ

1724755
Во подрачјето на операцијата Извор на мирот во Сирија се неутрализирани четворица терористи

Во подрачјето на операцијата Извор на мирот во Сирија се неутрализирани четворица терорист, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се нагласува дека нема да се дозволи терористичката организација ПКК/ЈПГ да ги наруши спокојството и средината на доверба во подрачјето на операцијата Извор на мирот во северниот дел на Сирија.

Во соопштението се истакнува следното: „Нашите јуначки командоси кои ги преземаат сите видови мерки во подрачјето спречија уште еден обид за напад и неутрализираа четворица терористи на ПКК/ЈПГ.“

Во меѓувреме, во едно друго објавено претходно соопштение на профилот на Министерството за национална одбрана се истакнува дека четворица терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК се неутрализирани и во северниот дел на Ирак.

Во соопштението на Министерството се вели следното: „Продолжуваме да ги погодуваме терористите во нивните дупки (пештери). Од страна на нашите Воздушни сили се неутрализирани четворица терористи на ПКК утврдени во областите Зап и Метина во северниот дел на Ирак. Операциите ќе продолжат на ефикасен и одлучен начин.“

Од друга страна пак, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу соопшти дека во рамките на операциите во границите на земјата кај градот Мардин се неутрализирани двајца терористи од кои еден од списокот на барани терористи од категоријата означена со сива боја.

 



Слични вести