Претседателот Ердоган утре ќе престојува во еднодневна посета на Азербејџан

Претседателот Ердоган ќе присуствува на свеченото отворање на Меѓународниот аеродром во Фузули кој со војната за татковината беше ослободен од ерменска окупација, како и на други две церемонии

1724664
Претседателот Ердоган утре ќе престојува во еднодневна посета на Азербејџан

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, на покана на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев утре ќе престојува во еднодневна работна посета на Азербејџан.

Според објавеното соопштение од страна на Одделот за комуникации при претседателството, претседателот Ердоган ќе присуствува на свеченото отворање на Меѓународниот аеродром во Фузули кој со Војната за татковината беше ослободен од ерменска окупација, како и на церемониите на поставување на камен темелникот на магистралниот пат во подрачјето и на Кампусот за паметно земјоделство што ќе биде изграден во Зенгилан со придонесите и на Турција.

За време на посетата ќе бидат преразгледани односите помеѓу Турција и Азербејџан и ќе бидат разгледани чекорите коишто ќе бидат преземени за уште повеќе продлабочување на соработката помеѓу двете земји.

На разговорите, освен билатералните односи се предвидува да бидат разменети и мислења во врска со актуелни регионални и меѓународни случувања.



Слични вести