Ердоган: Немаме цел да предизвикаме криза, туку да ги браниме честа, гордоста, достоинството на Турција

Претседателот Ердоган истакна дека немаат за цел да предизвикаат криза, туку да ги бранат честа, гордоста, достоинството на Турција

1724766
Ердоган: Немаме цел да предизвикаме криза, туку да ги браниме честа, гордоста, достоинството на Турција
cumhurbaskani erdogan.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по состанокот на претседателскиот кабинет во Анкара се појави пред камерите кадешто меѓу другото говореше и во врска со објавеното соопштение денеска од страна на амбасадите во Анкара на неколку земји меѓу кои и на Соединетите Американски Држави (САД) кои соопштија дека ќе се придржуваат кон членот 41 од Виенската конвенција, што пак уследи по нивното претходно објавено соопштение со повик за пуштање на слобода на бизнисменот Осман Кавала.

Ердоган изјави дека секој оној кој нема да ги почитува независноста на Турција и чувствителностите на нејзиниот народ, без оглед на неговата титула, не може да се наоѓа во оваа земја.

Велејќи: „Изјавите на амбасадорите со коишто ги пречекоруваат своите овластувања директно целат против судството на нашата земја, а не било кој поединец“, претседателот Ердоган рече дека оние кои се усмеруваат кон нивните стари навики  гледајќи притоа кон љубезноста на Турција како слабост, ќе ги добиваат заслужените одговори се додека не ги признаат своите грешки.

Претседателот Ердоган истакна дека на ист начин го прифаќаат и соопштението коешто како последно беше објавено од страна на амбасадите на некои земји.

Тој рече: „Овој став е нанесена навреда врз судството во нашата земја, нашите обвинители, нашите адвокати и сите припадници на судството. Турското судство не добива инструкција од никого, не е под ничија наредба. Како глава (претседател) на државата првенствено претстваува наша должност да го дадеме потребниот одговор со нашето независно и непристрасно судство.

Нашата цел не е да предизвикаме криза, туку да ги браниме честа, гордоста и достоинството на Турција. Со објавеното соопштение денеска од амбасадите е вратено назад од овие грешки. Освен тоа би сакал да го кажам и тоа дека секој оној кој нема да ги почитува независноста на Турција и чувствителностите на нејзиниот народ, без оглед на неговата титула, не може да се наоѓа во оваа земја.“

Инаку, амбасадите на САД и на некои земји кои неодамна објавија соопштение со барање да биде пуштен на слобода на бизнисменот Осман Кавала, денеска соопштија дека се придржуваат кон 41-от член од Виенската конвенција за дипломатски односи, кој предвидува дипломатите да ги почитуваат (да постапуваат согласно) законите и прописите на земјите во кои се наоѓаат, со што фрлија чекор назад од нивното претходно соопштение.

 



Слични вести