Ердоган: Напредокот на жените на полето на образованието и производството е навистина израз на историски успех

Претседателот Ердоган рече: „Напредокот што го постигнаа нашите жени на полето на образованието и производството е навистина израз на историски успех“

1724237
Ердоган: Напредокот на жените на полето на образованието и производството е навистина израз на историски успех
Cumhurbaşkanı Erdoğan Eskişehir Kadınlarla Buluşma.jpeg
Cumhurbaşkanı Erdoğan Eskişehir Kadınlar.jpeg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за време на остварената посета на градот Ескишехир се состана со жените инвеститори, земјоделци, студенти, спортисти, уметници и работници.

Во говорот што го одржа овде, претседателот Ердоган рече: „Напредокот што го постигнаа нашите жени на полето на образованието и производството е навистина израз на историски успех.“

Нагласувајќи дека ги остваруваат своите соништа за голема и силна Турција со сите единки на народот, без да се прави разлика меѓу мажи и жени, Ердоган го рече следното: „Секоја визија и секој проект за иднината на нашата земја ги дизајнираме и имплементираме на начин со нивно ставање во примена заедно со вас.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека жените во Турција постигна најголем напредок особено во образованието, производството, вработувањето, политиката и општествениот живот за време на власта на неговата партија и го додаде следното: „Ова го велам на претенциозен начин, ние ја формиравме инфраструктурата којашто ќе им овозможи на нашите жени од сите средини на општеството да можат да го реализираат нивниот сопствен потенцијал за нивните семејства, нивниот град и нивната земја, ги обезбедивме можностите и ги отстранивме пречките. Напредокот што го постигнаа нашите жени особено на полето на образованието и производството е навистина израз на историски успех.“



Слични вести