Чавушоглу во Анкара се состана со поранешниот претседател на Северна Македонија Ѓорѓе Иванов

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу информира дека денеска во Анкара имаше средба со Ѓорѓе Иванов во врска со што го напиша следното: „Нашиот прв гостин денеска беше нашиот пријател Ѓорѓе Иванов, поранешен претседател на Северна Македонија“

1724676
Чавушоглу во Анкара се состана со поранешниот претседател на Северна Македонија Ѓорѓе Иванов

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска во Анкара се состана со поранешниот претседател на Република Северна Македонија Ѓорѓе Иванов.

Чавушоглу во споделената објава преку социјалната мрежа Твитер информира дека имаше средба со Иванов во врска со што го напиша следното: „Нашиот прв гостин денеска беше нашиот пријател Ѓорѓе Иванов, поранешен претседател на Северна Македонија. Ќер продолжи нашата поддршка на Северна Македонија.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу потоа оствари средба и со министерот за надворешни работи на Чад Шериф Махамат Зене.

Чавушоглу и во врска со оваа средба преку социјалната мрежа Твитер ја сподели следната објава: „Со министерот за надворешни работи на Чад Шериф Махамат Зене ги разгледавме подготовките за посетата на претседателот на Чад што ќе ја оствари на нашата земја во среда.“



Слични вести