Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 232 лица, регистрирани се 27.663 позитивни случаи

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 232 лица, направени се 351.152 тестирања од кои се регистрирани 27.663 нови позитивни случаи

1724783
Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 232 лица, регистрирани се 27.663 позитивни случаи

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 232 лица.

Во изминатото деноноќие се направени 351.152 тестирања од кои се регистрирани 27.663 нови позитивни случаи.

Бројот на оздравени од Ковид-19 во изминатите 24 часа е 30.824 лицa.

Вкупниот број на администрирани дози вакцини во Турција со првата, втората и третата доза вакцина заклучно со денеска 25 октомври, понеделник во 22:30 часот по турско време, се зголеми на 115 милиони 480 илјади 511.

 

 



Слични вести