Амбасадите на САД и неколку други земји ќе се придржуваат кон членот 41 од Виенската конвенција

Амбасадата на САД во Анкара преку Твитер напиша: „По повод упатувањето на некои прашања во врска со објавеното соопштение од 18 октомври САД потврдуваат дека се придржуваат кон членот 41 од Виенската конвенција за за дипломатски односи“

1724736
Амбасадите на САД и неколку други земји ќе се придржуваат кон членот 41 од Виенската конвенција

Амбасадите на Соединетите Американски Држави (САД) и на неколку други земји во Анкара соопштија дека се придржуваат кон 41-от член од Виенската конвенција за дипломатски односи, кој предвидува дипломатите да ги почитуваат (да постапуваат согласно) законите и прописите на земјите во кои се наоѓаат.

Најпрвин во објавеното соопштение на профилот на Амбасадата на САД во Анкара преку социјалната мрежа Твитер беше напишано следното: „По повод упатувањето на некои прашања во врска со објавеното соопштение од 18 октомври САД потврдуваат дека се придржуваат кон членот 41 од Виенската конвенција за дипломатски односи.“

Потоа ова соопштение на САД преку Твитер ја ретвитираа (споделија) и амбасадите на Канада, Финска, Данска, Холандија, Шведска, Норвешка и Нов Зеланд во Анкара, кои исто така беа вмешани во неодамнешното објавено контраверзно соопштение во кое се бараше да биде пуштен на слобода на Осман Кавала.

Потоа истиот чекор уследи и од амбасадите на Германија и Франција.

Членот 41 од Виенската конвенција за дипломатски односи бара дипломатот да ги почитува законите и прописите на земјата во која престојува.

Во членот се вели следното: „Не навлегувајќи во нивните привилегии и имунитети, сите лица кои уживаат привилегии и имунитети должни се да ги почитуваат законите и прописите на државата во која се акредитирани. Тие, исто така, должни се да не се мешаат во внатрешните работи на таа држава.“

Од друга страна, извори од кабинетот на претседател соопштија дека последното соопштение на Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) и на неколку други земји во Анкара, е дочекано позитивно од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

 



Слични вести