Во близина на Чукурџа кај Хаќари се неутралзирани двајца терористи

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу на својот профил на социјалната мрежа Твитер соопшти дека во близина на населеното место Чукурџа кај градот Хаќари се неутралзирани двајца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1724036
Во близина на Чукурџа кај Хаќари се неутралзирани двајца терористи

Во близина на населеното место Чукурџа кај градот Хаќари, во југоисточниот дел на земјата, се неутралзирани двајца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер информира дека со реализирана копнена операција поддржана од наоружано беспилотно летало на жандармеријата Ж-СИХА ( J-SİHA) и со блиска воздушна поддршка во близина на населеното место Чукурџа кај Хаќќари се неутрализирани двајца терористи.

Министерот Сојлу го напиша следното: „Не се разбираат од збор. Ако е толку храбар нека дојде Карајилан (еден од т.н. терористички челници на ПКК), да не се крие како глушец. Му доаѓа редот и нему.“

Во меѓувреме, продолжуваат непрестано и прекуграничните операции против сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во објавеното соопштение од страна на Министерството за национална одбрана се истакнува дека со реализирана воздушна операција се неутрализирани тројца терористи на ПКК утврдени во подрачјето на операцијата „Шепа-Гром“ (Pençe-Yıldırım) во северниот дел на Ирак.

Во соопштението на Министерството се нагласува дека операциите ќе продолжат се додека не биде неутрализиран и последниот терорист.



Слични вести