Турција го осуди одобрениот план на Израел за изградба 3.100 нови станови на Западниот Брег

Во соопштението на МНР на Турција се истакнува следното: „Го осудуваме планот на Советот за високо планирање на Израел со кој се одобрува идната недела да започне изградбата на 3.100 нови станови во различни израелски населби на Западниот Брег“

1723994
Турција го осуди одобрениот план на Израел за изградба 3.100 нови станови на Западниот Брег

Турција го осуди планот на Советот за високо планирање на Израел со кој се одобрува идната недела да започне изградбата на 3.100 нови станови во различни израелски населби на окупираниот Западен Брег.

Во објавеното писмено соопштение од страна на Министерството за надворешни работи на Турција се истакнува следното: „Го осудуваме планот на Советот за високо планирање на Израел со кој се одобрува идната недела да започне изградбата на 3.100 нови станови во различни израелски населби на Западниот Брег.“

Во соопштението се нагласува дека и иницијативата на Израел за спречување на работите за човекови права на териториите што ги држи под окупација со внесување на шест палестински организации за човекови права на списокот на „терористички организации“ е спротивно на човековите права и меѓународното право.

„Мора да се стави крај на едностраните и незаконски политики, вклучувајќи го проширувањето на илегалните населби, кои ја разоруваат визијата за решение со две држави којшто е единствената опција за праведно, трајно и сеопфатно решавање на палестинскиот конфликт.

Ја повикуваме меѓународната заедница дастапи во акција за заштита на палестинските територии и правата на палестинскиот народ, а со цел да може да се постигне траен мир и стабилност во регионот во долгорочен период.“ - стои во писменото соопштение на Министерството за надворешни работи на Турција.

 



Слични вести