Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 217 лица, регистрирани се 26.217 нови позитивни случаи

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 217 лица, направени се 351.184 тестирања од кои се регистрирани 26.217 нови позитивни случаи

1723983
Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 217 лица, регистрирани се 26.217 нови позитивни случаи

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 217 лица.

Во изминатото деноноќие се направени 351.184 тестирања од кои се регистрирани 26.217 нови позитивни случаи.

Бројот на оздравени од Ковид-19 во изминатите 24 часа е 27.663 лицa.

Вкупниот број на администрирани дози вакцини во Турција со првата, втората и третата доза вакцина заклучно со денеска 24 октомври, недела во 10:00 часот по турско време, се зголеми на 115 милиони 171 илјада 515.

 



Слични вести