Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 195 лица, регистрирани се 24.792 позитивни случаи

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 195 лица, направени се 338.536 тестирања од кои се регистрирани 24.792 нови позитивни случаи

1724140
Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 195 лица, регистрирани се 24.792 позитивни случаи

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 195 лица.

Во изминатото деноноќие се направени 338.536 тестирања од кои се регистрирани 24.792 нови позитивни случаи.

Бројот на оздравени од Ковид-19 во изминатите 24 часа е 24.403 лицa.

Вкупниот број на администрирани дози вакцини во Турција со првата, втората и третата доза вакцина заклучно со денеска 24 октомври, недела во 20:00 часот по турско време, се зголеми на 115 милиони 255 илјади 712.

 



Слични вести