Алтун ги повика сите земји членки на Турскиот совет да се приклучат кон Заедничката турско-азербејџанска медиумска платформа

Шефот на Одделот за комуникации при претседателството Фахреттин Алтун ги повика сите земји членки на Турскиот совет да се приклучат кон Заедничката турско-азербејџанска медиумска платформа

1724044
Алтун ги повика сите земји членки на Турскиот совет да се приклучат кон Заедничката турско-азербејџанска медиумска платформа

Шефот на Одделот за комуникации при претседателството Фахреттин Алтун вчера на „Медиумскиот форум на Турскиот совет“ што се одржува во Истанбул и чиј домаќин е Одделот за комуникации при претседателството, направи проценка за новинарите во врска со Заедничката турско-азербејџанска медиумска платформа.

Алтун ги повика сите земји членки на Турскиот совет да се приклучат кон Заедничката турско-азербејџанска медиумска платформа.

Велејќи дека заедно со потпретседателот на Азербејџан Хикмет Хаџиев претседатевале со состанокот на формираната работна група, Алтун рече дека притоа на платформата биле поставени на маса квалификуваните проекти коишто би можеле да бидат ставени во примена на брз начин, а освен тоа формирале работни комитети во 6 сфери.

Тој информира дека е ставен во примена Комитетот за законодавство и регулатива кој е значаен од аспект на одржувањето во живот (опстанокот) и институционализацијата на платформата.

„Ако правилно го институционализираме овој механизам, веруваме дека сите земји членки на Турскиот совет, Турските Републики во Централна Азија можат да придонесат за оваа заедничка платформа. Како почитуваниот Хаџиев така и ние го велиме ова јасно уште од самиот почеток: Ова е заедничка медимска платформа помеѓу Турција и Азербејџан, но ние ги покануваме во оваа платформа сите земји членки во Турскиот совет. Тоа каква е силата што ќе произлезе од ова заедништво (единство) го покажавме за време на победата во Карабах.

Ако сме во единство, заедништво, можеме да се спротивставиме на дезинформациите коишто се водат против нас како турски свет. Можеме правилно да ги информираме светската јавност и нашата сопствена јавност. На тој начин, може да се води вистинска борба и против актерите кои систематски работат против турскиот свет и нашите земји.“ - рече шефот на Одделот за комуникации при претседателството Фахреттин Алтун.

 

 

 



Слични вести