Претседателот Ердоган: Не можат да ни одржат лекција за хуманост тие кои масакрираа милиони луѓе во Африка

Претседателот Ердоган истакна дека не можат да и одржат на Турција лекција за хуманост тие кои масакрираа милиони луѓе во Африка

1723904
Претседателот Ердоган: Не можат да ни одржат лекција за хуманост тие кои масакрираа милиони луѓе во Африка

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Конгресниот центар на Трговската комора на Ескишехир говореше на градскиот консултативен состанок на својата владејачка Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) во проширен состав кадешто истакна дека не можат да и одржат на Турција лекција за хуманост тие кои масакрираа милиони луѓе во Африка.

Ердоган напомена дека онака како што се пребродени сите неволји во последните 19 години ќе бидат постигнати целите за 2023 година (на одблежеувањето на 100-годишнината од фпормирањето на Република Турција).

Нагласувајќи дека на крајот ќе бидат постигнати целите земјата да стане една од десетте најголеми економии во светот, претседателот Ердоган рече: „Со таа цел (во име на тоа) продолжуваме да работиме без да го забавиме нашето темпо.“

Тој подвлече дека водат напори внатре во земјата и надвор во странство за издикнување на турската економија над столбовите на инвестирањето, производството, извозот и вработувањето.

Еродган рече: „За таа цел, од почетокот на неделата остваривме четири дневна турнеја по Африка со која беа опфатени три земји. Како припадник (чедо) на овој народ, горд сум што денес турските производи, турските фирми и турската рака за помош ги гледам насекаде низ континентот (Африка).“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган исто така нагласи дека не им обрнуваат внимание (не се занимаваат со оние) на оние кои и префрлуваат различни зборови на Турција и го додаде следното: „Зарем не сте вие? Масакриравте еден милион луѓе во Алжир. Во Нигерија масакриравте едне милион луѓе. Кои се тие? Франција. Овие не можат да ни одржат лекција за хуманост. Тие прво мора да ја научат хуманоста (да го научат човештвото). Од каде, треба да научат од Турција. Бидејќи, нашите африкански браќа, дури и пред нас, им го даваат одговорот што го заслужуваат на оние кои не критикуваат нас поради нашата африканска политика.“

 



Слични вести