Објава од претседателот Ердоган за Економскиот и бизнис форум меѓу Турција и Африка

Претседателот Ердоган во споделената објава на својот профил на социјалната медија и оддели место и на една инфографика и истакна дека на Економскиот и бизнис форум меѓу Турција и Африка на кој говореше и самиот имаше учество од 45 земји

1723816
Објава од претседателот Ердоган за Економскиот и бизнис форум меѓу Турција и Африка

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на својот профил на социјалната медија сподели објава во врска со Економскиот и бизнис форум меѓу Турција и Африка што се одржа во Истанбул.

Ердоган во објавата напиша: „Се надевам дека Економскиот и бизнис форум меѓу Турција и Африка кој денеска (вчера) го одржавме по трет пат, ќе биде аирлија, ќе стане повод за добрини за нашите земји. Не оставаме, нема да оставиме пријател, незатропана врата, неизлечена рана, земја во Африка со кои соработуваме и ќе продолжиме да соработуваме.“

Претседателот Ердоган во својата споделена објава и оддели место и на една инфографика и истакна дека на Економскиот и бизнис форум меѓу Турција и Африка на кој говореше и самиот имаше учество од 45 земји.

Тој укажа дека уделот на Африка во трговијата на Турција со светот изнесува 6,5 отсто.

Велејќи дека во рамките на форумот беа одржани панели во однос на прашања како што се слободната трговска зона во Африка, инвестирањето, иновациите, банкарството, здравството и лидерството на жените, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го истакна следното: „Одржани се состаноци Г2Б (G2B) на кои се состанаа функционерите на африканските земји и бизнисмените и состаноци Б2Б (B2B) на кои се состанаа претставниците на приватниот сектор. Се одржа министерски состанок на тема „Продлабочување на партнерството меѓу Турција и Африка: Трговија, инвестирање, технологија и логистика.“



Слични вести