Акар: Започнаа техничките работи во врска со набавката на воени авиони Ф-16 од САД

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар на состанокот со новинарите во Постојаното претстваништво на Турција во НАТО во Брисел информира дека се започнати техничките работи во врска со набавката на воени авиони Ф-16 од САД

1723847
Акар: Започнаа техничките работи во врска со набавката на воени авиони Ф-16 од САД

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар по состанокот на министрите за одбрана на НАТО во штабот на Алијансата во главниот град на Белгија, Брисел, се состана со новинарите во Постојаното претстваништво на Турција во НАТО.

Акар во говорот што го одржа овде информира дека се започнати техничките работи во врска со набавката на воени авиони Ф-16 од Соединетите Американски Држави (САД).

Тој рече: „Го следиме процесот. Зајакнувањето на Турција, Турските вооружени сили (ТВС) истовремено значи зајакнување на одбраната на НАТО.“

Акар напомена дека со остварените куси средби со министрите за одбрана на Велика Британија, САД, Грција, Шпанија, Полска, Унгарија, Романија, Италија, Словенија, Летонија и Бугарија во штабот на НАТО беа разменети мислења во сферите на одбраната и безбедноста, а воедно рече: „Поврзано со овие разговори, ќе ги продолжиме нашите работи во наредните денови.“

Осврнувајќи се на случувањата во подрачјето на Идлиб во северозападниот дел на Сирија, Хулуси Акар рече: „Нашето присуство е важно. Нашето присуство таму ги спречува масакрите на режимот. Спречувањето на тоа, исто така го запира миграцискиот бран и радикализацијата.“

Министерот Акар, во врска со нападите кои ги реализира сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ во последно време од северниот дел на Сирија, ја изнесе следната констатација: „Ние многу внимателно, одблизу, ги следиме настаните. Тогаш кога ќе дојде времето ќе биде направено неопходното.“

Во врска со присутните проблеми со Грција во Егејот, Источниот Медитеран и на Кипар, министерот за национална одбрана Хулуси Акар повтори дека Турција е на страната на решавање на проблемите преку дијалог во рамките на добрососедството.

Потсетувајќи дека ги продолжуваат контактите по ова прашање и дека се сретнале и со грчкиот министер за одбрана Николаос Панагиотопулос во штабот на НАТО, Акар рече: „Со грчкиот министер за одбрана остваривме позитивна и конструктивна средба. Позитивните резултати од оваа средба очекуваме да ги видиме во наредниот период.“

Во врска со трката во вооружување пак во која влезе Грција во последно време, Хулуси Акар покажа реакција со зборовите: „Тие велат дека тоа не е против Турција. Добро, против кого е?“

 



Слични вести