Во подрачјето на операцијата Извор на мирот во Сирија се неутрализирани вкупно 9 терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во северниот дел на Сирија се неутрализирани 9 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ кои се подготвувале за напад врз подрачјето на операцијата Извор на мирот

1723749
Во подрачјето на операцијата Извор на мирот во Сирија се неутрализирани вкупно 9 терористи

Во северниот дел на Сирија се неутрализирани 9 терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ за кои е утврдено дека се подготвувале за напад врз подрачјето на операцијата Извор на мирот.

Во објавеното соопштение на профилот на Министерството за национална одбрана преку социјалната мрежа Твитер се истакнува следното: „Спречен уште еден обид за напад врз терористичката организација ПКК/ЈПГ. Со интервенција на нашите јуначки командоси се неутрализирани тројца терористи на ПКК/ЈПГ за кои е установено дека се спремале за напад врз подрачјето на операцијата Извор на мирот.“

Во едно друго објавено соопштение на Министерството се вели дека во истото подрачје се неутрализирани уште 6 терористи.

Во соопштението се истакнува следното: „Нема премин за тероризмот и терористот! Јуначките турски војници Мехметчик кои им одговараат неколкукратно на терористите кои се обидуваат да извршат напад врз подрачјето на операцијата Извор на мирот, неутрализираа уште  6 терористи на ПКК/ЈПГ. На тој начин во подрачјето се неутрализирани вкупно 9 терористи.“



Слични вести