Во операција на МИТ кај Киркук неутрализирана терористка од челниот кадар на терористичката ПКК/КЏК

Во реализирана операција од страна на МИТ кај градот Киркук на оддалеченост од дури 170 километри од турско-ирачката граница е неутрализирана терористката Тајбет Билен од челниот кадар на терористичката ПКК/КЏК и заедно со неја уште двајца терористи

1723752
Во операција на МИТ кај Киркук неутрализирана терористка од челниот кадар на терористичката ПКК/КЏК

Во реализирана операција од страна на Националната разузнавачка служба (МИТ) во руралното подрачје на градот Киркук на оддалеченост од 170 километри од турско-ирачката граница, е неутрализирана терористката Тајбет Билен позната под кодното име „Шилан Гуји“, т.н. раководителка од челниот кадар на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК и заедно со неја уште двајца терористи.

Според добиени информации од безбедносни извори, терористката Тајбет Билен за која е утврдено дека била т.н. раководителка одговорна за терористите жени во областа Гара во северниот дел на Ирак беше следена од страна на Националната разузнавачка служба (МИТ).

Притоа, во реализирана операција од страна на МИТ во руралното подрачје на градот Киркук терористката Билен беше неутрализирана заедно со уште двајца терористи.

Оваа прекугранична операција на Националната разузнавачка служба (МИТ) претставува прва реализирана операција во руралното подрачје на градот Киркук на оддалеченост од дури 170 километри од турско-ирачката граница.



Слични вести