Во операциите „Ерен-13“ кај Сиирт се неутрализирани четворица терористи

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во рамките на операциите „Ерен-13“ коишто продолжуваат во руралното подрачје на населеното место Ерух кај градот Сиирт, се неутрализирани четворица терористи

1723729
Во операциите „Ерен-13“ кај Сиирт се неутрализирани четворица терористи

Во рамките на операциите „Ерен-13“ коишто продолжуваат во руралното подрачје на населеното место Ерух кај градот Сиирт, во југоисточниот дел на земјата, се неутрализирани четворица терористи.

Во објавеното соопштение од страна на Министерството за внатрешни работи се истакнува дека во руралното подрачје на Ерух е реализирана операција под координација на регионалната команда на жандармеријата.

Во операцијата реализирана од страна на единиците на жандармерискоите командоси и специјалните жандармериски сили во склопот на градската команда на жандармеријата во Сиирт и со поддршка на Ж-ИХА и Воздушните сили, се неутрализирани четворица терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во соопштението се нагласува дека продолжуваат со одлучност операциите во борбата против тероризмот.



Слични вести