Претседателот Ердоган: Социјалните медиуми се дојдени во состојба на закана против општествениот мир

Претседателот Ердоган во видео пораката на „Форумот за медиуми на Турскиот совет“ на тема „Коренито минато, силна иднина“ во Истанбул рече: „Социјалните медиуми се дојдени во состојба на закана против општествениот мир

1723548
Претседателот Ердоган: Социјалните медиуми се дојдени во состојба на закана против општествениот мир

Во Истанбул започна „Форумот за медиуми на Турскиот совет“ на тема „Коренито минато, силна иднина“ чиј домаќин е Одделот за комуникации при претседателството.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на форумот учествуваше со видео порака во која рече: „Онака како што не се потпираме целосно на странците во одбранбената индустрија и воените прашања, не можеме да им го препуштиме на други и прашањето со комуникацијата.“

Тој рече: „Колку и да се развиени, ниту една земја или општество не се ослободени од деструктивното дејство на дигиталниот фашизам. Турскиот свет освен од дигиталниот фашизам, страда и од двојниот стандард на меѓународните медиуми. Лицемерниот став на кој бевме сведоци особено за време на 44-дневната војна во Нагорно Карабах го изнесе значењето на на ова прашање од аспект на нашите земји. Масакрот и нападите со балистички ракети на ерменската армија чија цел беа цивилите никогаш не беа поставени на дневен ред. Меѓународните медиумски органи кои говорат за независноста и објективноста на медиумите, дејствуваа како официјална новинска агенција на Ерменија.“

Велејќи „Војната во Карабах не е ниту прв ниту последен пример на ембарго коешто се применува од страна на печатот против вистините во врска со нашите земји и турскиот свет“, претседателот Ердоган рече: „Се соочуваме со слични ставови во однос на голем број прашања насочени против нашата историја, националната безбедност и вредностите на нашата нација, на чело со тврдењата за таканаречен геноцид. Под светлината на болните искуства коишто ги доживуваме, сите ние веќе отворено и јасно можеме  да ја видиме следната вистина. Онака како што не се потпираме целосно на странците во одбранбената индустрија и воените прашања, не можеме да им го препуштиме на други и прашањето со комуникацијата. Не можеме да им веруваме на совеста и професионалната етика на оние кои постојано ни одржуваат лекции за човекови права, демократија и слобода, од ориенталистички  гледна точка. Исто како и во другите стратешки прашања мораме да си ја пресечеме сопствената папочна врвца и по прашањето на медиумите и комуникацијата.“

„Ние како турски свет треба да преземеме иницијатива по ова прашање, да одиме на споделување на искуства, да ги здружиме нашите сили и да ги бараме патиштата како да ги искористиме на најефикасен начин можностите со коишто располагаме. Веруваме дека форумот што го организираме на тема 'Коренито минато,силна иднина' ќе обезбеди да се стекнеме со силна платформа во оваа точка. по повод форумот, сакаме да ја развиеме солидарноста во турскиот свет, да ја зајакнеме меѓусебно довербата  и да ја унапредиме нашата соработка по прашањата како што се борбата против дезинформацијата, безбедноста на информациите, националниот потег на информатичката технологија и проектите за филмови и телевизиски серии кои и даваат приоритет на заедничката култура. Посакувам форумот којшто е организиран во еден критичен период и со учество на компетентни имиња ќе не приближи за уште еден чекор поблиску до нашите цели.“ - подвлече претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во видео пораката на „Форумот за медиуми на Турскиот совет“ во Истанбул на тема „Коренито минато, силна иднина“ чиј домаќин е Одделот за комуникации при претседателството.

 

 



Слични вести