Претседателот Ердоган: Со членовите на Турскиот совет ќе донираме вакцини на африканските земји

Претседателот Ердоган рече: „Под водство на Турција, со членовите на Турскиот совет ќе донираме вакцини на африканските земји“

1723725
Претседателот Ердоган: Со членовите на Турскиот совет ќе донираме вакцини на африканските земји

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган учествуваше на Економскиот и бизнис форум меѓу Турција и Африка што се одржува во Конгресниот центар во Истанбул и во говорот што го одржа овде го рече следното: „Под водство на Турција, со членовите на Турскиот совет ќе донираме вакцини на африканските земји.“

Правејќи проценка на односите на Турција со африканските земји, Ердоган рече: „Верувам дека искрените врски меѓу нас ќе станат уште посилни во наредниот период. Вредноста на нашите инвестиции на целиот континент надмина 6 милијарди долари. Нашата трговија со регионот на крајот на 2020 година се зголеми на 25,3 милијарди долари. Нашата цел е оваа бројка најпрвин да ја искачиме на 50 милијарди долари, а потоа на 75 милијарди долари.

Претседателот Ердоган својот говор го продолжи со следните зборови: „Африканските народи беа оставени сами пред една голема здравствена криза и не можеа да добија никаков придонес што би можел да им помогне во нивната борба против епидемијата. Под водство на Турција, заедно со членовите на Турскиот совет ќе донираме вакцини на земјите од континентот. Меѓу државите на кои им доставивме поддршка во медицинска опрема и медициснки материјали има 44 африкански земји. Додека болката што ја доживуваме е очигледна не сметаме дека е правилно кон прашањето со вакцината да се пристапува целосно на основа на материјален интерес и профитирање.“



Слични вести