Киргистан ќе купи од Турција наоружани беспилотни летала (СИХА) „Бајрактар ТБ2“

Претседателот на Државниот комитет за национална безбедност на Киргистан Камчибек Ташиев информира дека се порачани од Турција наоружани беспилотни летала (СИХА) „Бајрактар ТБ2“ кои во блиско време ќе му бидат предадени на Киргистан

1723310
Киргистан ќе купи од Турција наоружани беспилотни летала (СИХА) „Бајрактар ТБ2“
Bayraktar-TB2-Kırgızistan 2.jpg

Со учество на претседателот на Киргистан Садир Џапаров во главниот град Бишкек се одржа церемонија на свечено предавање на воените возила за коишто се наведува дека за прв пат се купени за Пограничните единици на државниот комитет за национална безбедност на Киргистан. 

Претседателот на Државниот комитет за национална безбедност на Киргистан Камчибек Ташиев во дадената изјава за новинарите по церемонијата информира дека се порачани од Турција наоружани беспилотни летала (СИХА) „Бајрактар ТБ2“ кои во блиско време ќе му бидат предадени на Киргистан.

Укажувајќи дека со наоружани беспилотни летала (СИХА) располагаат ограничен број земји, Ташиев рече: „ Една од тие земји ќе биде и нашата земја. Лицата кои ќе ги користат наоружаните беспилотни летала (СИХА) добија обука во Турција. Овие наоружани беспилотни летала (СИХА) наскоро ќе пристигнат во нашата земја.“

Инаку, наоружаните беспилотни летала (СИХА) „Бајрактар ТБ2“ беа внесени во инвентарот на Турските вооружени сили (ТВС) во 2014 година, а воедно моментално се користат и од страна на неколку други земји, како што се Украина, Катар и Азербејџан.



Слични вести