Билгич: Повлекувањето на Турција од програмата Ф-35 и нанесе удар на силата на одвраќање на НАТО

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Танжу Билгич истакна дека повлекувањето на Турција од програмата за производство на борбените авиони Ф-35 и нанесе удар на силата на одвраќање на НАТО

1723287
Билгич: Повлекувањето на Турција од програмата Ф-35 и нанесе удар на силата на одвраќање на НАТО

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Танжу Билгич на одржаниот состанок за информирање на претставниците на печатот во Министерството, одговараше на прашањата на новинарите.

Билгич истакна дека повлекувањето на Турција од програмата за производство на борбените авиони Ф-35 и нанесе удар на силата на одвраќање на НАТО.

Во врска со набавката на воени авиони Ф-16 од Соединетите Американски Држави (САД) за возврат на извршената уплата за борбените авиони Ф-35,  Билгич рече: „Работите за усовршување на флотата со авионите Ф-16 се вршат редовно со години. Имаме значаен проблем со САД. Поради С-400 (одбранбениот систем на Турција купен од Русија) моравме да ја напуштиме програмата Ф-35. Тоа не само врз Турција, и нанесе удар и на силата на одвраќање на НАТО.“

Велејќи дека Турција е еден од основачките партнери на програмата за производство на борбените авиони Ф-35, Танжу Билгич рече: „Ние ги исполнивме нашите обврски во текот на програмата. И во овие рамки, во склопот на проектот Ф-35 им плативме на САД приближно 1,4 милијарди долари. За нас, всушност опциите се едноставни: Или ќе се вратиме во програмата, или ќе ги земеме авионите коишто ни се ветени или ќе ни ги вратат парите. Во тие рамки, сумата што ја плативме за Ф-35 стои на дневен ред како опција за нејзино користење за модернизирање на нашата флота со Ф-16. Се разбира, за ова прашање ние разговараме со Американците. И секако ќе делуваме според резултатот од тоа.“

Во врска со дадената реакција на соопштението на САД и некои европски земји за бизнисменот Осман Кавала чиј судски процес во Турција е во тек, портпаролот на Министерството за надворешни работи Танжу Билгич го рече следното: „Од страна на ниту еден орган или поединец не можат да им се даваат наредби и инструкции на судовите и судиите при вршење на судската власт. Апсолутно е неприфатливо да и се дава ултиматум на Турција.“

 



Слични вести