Билатерални средби на Акар на министерскиот состанок во штабот на НАТО во Брисел

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар на маргините на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел оствари билатерални средби со своите колеги од Велика Британија, САД и Грција, Бен Валас, Лојд Џејмс Остин и Николаос Панагиотопулос

1723293
Билатерални средби на Акар на министерскиот состанок во штабот на НАТО во Брисел

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во штабот на НАТО во главниот град на Белгија, Брисел кадешто отпатува за состанокот на министрите за одбрана на Алијансата остварува и низа билатерални средби и разговори со своите колеги на земјите членки на НАТО.

Во тие рамки, министерот Акар најпрвин се состана со министерот за одбрана на Велика Британија Бен Валас, а потоа оствари куса средба со секретарот за одбрана на  Соединетите Американски Држави (САД) Лојд Џејмс Остин.

На средбата на министерот Акар со неговиот американски колега Остин беа разгледани неопходните напори за создавање на позитивна агенда пред Лидерскиот самит на земјите од групата Г-20 што ќе се одржи на 30 и 31 октомври во главниот град на Италија, Рим.

Потоа, министерот за национална одбрана Хулуси Акар имаше средба со грчкиот министер за одбрана Николаос Панагиотопулос.

Акар истакна дека грчката делегација се очекува за четвртиот состанок за кој се планира да се одржи во Анкара, во рамките на мерките за зголемување на довербата помеѓу Турција и Грција.

 



Слични вести