Алтун: Моралниот став доби уште поголемо значење во овој период којшто се нарекува „пост-вистина“

Шефот на одделот за комуникации при претседателството Фахреттин Алтун истакна дека моралниот став доби уште поголемо значење во овој период којшто се нарекува „post-truth“ односно „пост-вистина“

1723673
Алтун: Моралниот став доби уште поголемо значење во овој период којшто се нарекува „пост-вистина“

Во Истанбул започна „Форумот за медиуми на Турскиот совет“ на тема „Коренито минато, силна иднина“ чиј домаќин е Одделот за комуникации при претседателството.

Шефот на одделот за комуникации при претседателството Фахреттин Алтун во говорот што го одржа на отворањето на форумот појасни дека како Република Турција водат „борба за вистината“, ѝ внатре во земјата, ѝ во странство.

Тој рече: „Да бидеме на страната на вистината против лагата и дезинформацијата, го оценуваме како потреба, мотто на нашата моралност.“

Нагласувајќи дека овој морален став доби уште поголемо значење во овој период којшто се нарекува „post-truth“ односно „пост-вистина“, Алтун продолжи со следните зборови:

„Пред нас во вистинска смисла на зборот постои индустрија на лаги која се обидува да ја направи вистината бесмсилена, безвредна, безначајна и да ги доведе општествата во состојба да бидат отворени за експлоатација во културен, економски и идеолошки аспект. Оваа индустрија на лаги во различни делови на светот преку 'лажни вести' или 'сценирани содржини' се обидуваат да не приклештат, да не осудат во дилемата т.е. двојнота ние и тие. Ако може да се каже отворено, ние борбата против индустријата на лаги и дезинформацијата ја гледаме како составен дел од нашата национална безбедност и сите наши чекори ги преземаме со оваа перспектива.

Од друга страна, гледаме дека дезинформацијата не само во социјалните медиуми, истовремено ја има и во традиционалните медиуми. Овде одвреме навреме можат можат да објавуваат публикации кои ги тестираат рефлексите на општествата, имаат за цел да ги активираат раседните линии. Овде особено укажувам на институциите финансирани од некои странски држави и нивните продолжетоци во нашите земји. Мораме да бидеме будни (на штрек) против овие модерни Тројански коњи и заеднички да ги сопреме нивните штетни активности.“

Фахретин Алтун рече: „Она што ни се паѓа денес како Турски совет, е да ги зајакнеме нашите сопствени заеднички канали за генерирање и дистрибуција на информации против дигиталниот фашизам, сајбер-империјализмот и глобалната индустрија на лаги. Повторно, во тој контекст, во согласност со борбата што ја водат нашите лидери за иднината на турскиот свет, мораме да изградиме општествена свест којашто ќе функционира здраво во сферата на комуникацијата.“

Појаснувајќи дека во тој контекст, сите силни институции и организации на турските медиуми, а пред се Турската радио и телевизија (ТРТ) и новинската Агенција Анадолија „АА“, се отворени за меѓусебна соработка, споделување искуства и заеднички проекти коишто ќе овозможат подобро меѓусебно запознавање на општествата едни со други, Алтун рече: „Ние, јас и моите пријатели, кои работиме во склопот на нашиот Оддел за комуникации, ќе продолжиме да се бориме за идеалот за голема и силна Турција, под водство на нашиот претседател Реџеп Тајјип Ердоган, како и да работиме непрестано со сета наша сила со којашто располагаме за единството, заедништвото и просперитетот на турскиот свет; без притоа да обрнуваме внимание на ниту една закана, на ниту едно застрашување...“

Шефот на одделот за комуникации при претседателството Фахреттин Алтун, додаде дека се подготвени да го дадат секој вид придонес во точката на зголемување на капацитетот и можностите на турскиот свет на полето на глобалната комуникација и за водење борба против кампањите за дезинформација.

 



Слични вести