Во реализирана операција од страна на МИТ на северот на Ирак се неутрализирани 5 терористи

Во две одделни реализирани прекугранични операции од страна на Националната разузнавачка служба (МИТ) на 7 и 11 октомври на областа Метина во северниот дел на Ирак, се неутрализирани 5 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК

1723005
Во реализирана операција од страна на МИТ на северот на Ирак се неутрализирани 5 терористи

Во две одделни реализирани прекугранични операции од страна на Националната разузнавачка служба (МИТ) во северниот дел на Ирак се неутрализирани 5 терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК.

Според добиени информации од безбедносни извори, продолжуваат прекуграничните операции на Националната разузнавачка служба (МИТ) во северниот дел на Ирак.

Така во две одделни реализирани прекугранични операции од страна на Националната разузнавачка служба (МИТ) на 7 и 11 октомври на областа Метина во северниот дел на Ирак, се неутрализирани 5 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК.

Во меѓувреме, двајца терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК утврдени во областа Зап во северниот дел на Ирак се неутрализирани и во реализирана прекугранична операција од страна на Воздушните сили.

Во споделената објава на профилот на Министерството за национална одбрана на социјалната мрежа Твитер се истакнува следното: „Продолжуваме со ненадејните удари! Од страна на нашите Воздушни сили се неутрализирани двајца терорсти на ПКК утврдени во областа Зап во северниот дел на Ирак. Нашите операции ќе продолжат на ефикасен и одлучен начин!“



Слични вести