Во операцијата „Ерен-7“ кај Тунџели загина еден турски војник, а се неутрализирани двајца терористи

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во операцијата „Ерен-7“ во подрачјето на градот Тунџели стана шехид (загина) еден турски војник кој беше тешко ранет, но и покрај сите напори на лекарите им подлегна на раните и го загуби животот

1723157
Во операцијата „Ерен-7“ кај Тунџели загина еден турски војник, а се неутрализирани двајца терористи

Во операцијата „Ерен-7“ која продолжува во подрачјето на градот Тунџели, во југоисточниот дел на земјата, стана шехид (загина) еден турски војник.

Во објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи се истакнува дека за време на операцијата во Тунџели беше тешко ранет еден турски војник кој вендаш беше префлрен на лекување во болница, но и покрај сите напори на лекарите им подлегна на раните и стана шехид (го загуби животот).

Во соопштението се вели следното: „На нашиот шехид му посакуваме милост од Аллах, изразуваме сочувство до неговото семејство и неговите блиски. Со сочувство до нашиот народ.“ 

Како што се истакнува, терористот по име Хајреттин Ѓунеш од чија страна за време на вооружената престрелка беше тешко ранет турскиот војник кој потоа стана шехид (загина), бил познат под кодното име „Куртај Шерзан“ и се наоѓал во списокот на барани терористи од категоријата означена со сива боја. Заедно со овој терорист е неутрализиран уште еден терорист.

Во меѓувреме, министерот за внатрешни работи Сулејман Сјлу во споделената објава на својот профил преку социјалната медија исто така истакна дека во операцијата „Ерен-7“ која продолжува во подрачјето на градот Тунџели и се неутрализирани двајца терористи.

Сојлу воедно соопшти дека за време на операцијата стана шехид (загина) еден турски војник кој беше тешко ранет и на загинатиот војник му посака милост од Аллах и го изрази своето сочувство до неговото семејство.



Слични вести