Турција изрази сочувство за загинатите во поплавите и лизгањата на земјиштето во Индија и Непал

Министерството за надворешни работи на Турција објави порака со сочувство за загинатите во поплавите и лизгањата на земјиштето во Индија и Непал во кои загинаа повеќе од 100 лица, а голем број лица се повредени и се водат како исчезнати

1722767
Турција изрази сочувство за загинатите во поплавите и лизгањата на земјиштето во Индија и Непал

Турција објави порака со сочувство за загинатите во поплавите и лизгањата на земјиштето во Индија и Непал во кои загинаа повеќе од 100 лица, а голем број лица се повредени и се водат како исчезнати.

Во објавеното писмено соопштение од страна на турското Министерство за надворешни работи се истакнува следното: „Со големо жалење е дознаено за смртта на повеќе од 100 лица, големиот број повредени лица и лица кои се водат како исчезнати во поплавите и лизгањата на земјиштето до кои дојде поради силните врнежи од дожд во последните денови во различни делови на Индија и Непал, како и тоа што врнежите продолжуваат да причинуваат материјални штети и да одземаат животи и во двете земји.“ 

Во соопштението се вели дека се изразува искреното сочувство на Турција до блиските на загинатите во овие елементарни непогоди и до пријателските народи и влади на Индија и Непал.

Исто така на повредените им се посакува побрзо оздравување и се изразува надеж да не дојде до поголем број човечки загуби. 

 



Слични вести