Претседателот Ердоган: Водните ресурси се најстратешка вредност на наредниот век

Претседателот Ердоган обраќајќи им се на учесниците на Првиот совет за вода укажа на исклучителната важност на водата како ресурс за иднината на човештвото и го рече следното: Водните ресурси се најстратешка вредност на наредниот век

1723223
Претседателот Ердоган: Водните ресурси се најстратешка вредност на наредниот век

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган со приклучување преку линк во живо од Истанбул на „Првиот совет за вода“ што се одржа во Анкара укажа на исклучителната важност на водата како ресурс за иднината на човештвото и истакна дека  стана неопходност да се заштитат водните ресурси пред тие да достигнат го граница на исцрпување.

Тој појасни дека додека постепено се зголемува потребата од употребливи чисти водни ресурси, поради брзата потрошувачка и загадувањето на брз начин се намалуваат употребливите чисти водни ресурси.

Појаснувајќи дека според прогнозите на Светскиот извештај за развој на водите се предвидува дека во 2050 година приближно 6 милијарди луѓе нема да имаат пристап до доволно чиста вода, претседателот Ердоган рече: „Со секоја година се повеќе ќе се зголемува притисокот врз водните ресурси кои се најстратешка вредност на наредниот век. Заштитата на нашите водни ресурси пред да достигнат до границата на исцрпување, нивното ефикасно користење и правилното управување со нив, стана неопходност, наместо избор. Ги презедовме и ќе продолжиме да ги преземаме нашите мерки како држава за да не дозволиме нашата вода, односно нашата иднина, да истече низ нашите прсти.“

Ердоган истакна дека Турција придава големо значење на зачувувањето на водните ресурси поради што продолжуваат да се реализираат 90 проекти за вода за пиење на териториите низ целата земја.

Тој рече: „Ќе обезбедиме уште 18 милиони лица да се стекнат со дополнителни 1,8 милијарди кубни метри вода за пиење годишно.“

Потсетувајќи дека  Турција реализира значајни водни инвестиции и во Африка, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го додаде следното: „Со 512-те сондажни бунари коишто ги отворивме досега во Африка, овозможивме 2 милиони луѓе да се стекнат со чиста вода за пиење и за употреба. Со 143 бунари за вода коишто ги отворивме особено во областите во Сирија кадешто реализираме безбедносни активности и хуманитарна помош овозможивме да бидат задоволени потребите на приближно 1,5 милиони наши браќа.“

 



Слични вести