Претседателот Ердоган: Како така ќе ги земеме нашите 1 милијарда 400 милиони долари од САД

Претседателот Ердоган во врска со прашањето со борбените авиони Ф-35 го рече следното: „Ние како така ќе ги земеме нашите 1 милијарда 400 милиони долари (коишто им ги плативме на Соединетите Американски Држави за борбените авиони Ф-35)“

1723130
Претседателот Ердоган: Како така ќе ги земеме нашите 1 милијарда 400 милиони долари од САД

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во авионот на враќање од турнејата по три африкански земји, Ангола, Того и Нигерија, даде изјави за новинарите и одговори на нивните прашања посветени на актуелниот дневен ред.

Во врска со прашањето со борбените авиони Ф-35 , претседателот Ердоган рече: „Во моментов станува збор за разговори на ниско ниво. Но ние како така ќе ги земеме нашите 1 милијарда 400 милиони долари (коишто им ги плативме на Соединетите Американски Држави за борбените авиони Ф-35). На Г-20 во Рим (на 30-31 октомври во главниот град на Италија) ќе разговараме со Бајден (американскиот претседател Џо). Ќе прашаме 'Што правиме, што се случува?'. Никако нема да дадеме можност да бидат одземени правата на Турција.“

На прашањето на еден новинар „Дали ќе има прекугранична операција во Сирија“ пак, Ердоган одговори: „Во моментов во сериозна смисла продолжуваат нашите операции на чувствителни точки во регионот. Апсолутно нема да се направат никакви отстапки. Го продолжуваме овој процес во Сирија. Почнувајќи од сега не би знаел каков став ќе заземе режимот, но ние продолжуваме да го правиме она што е неопходно особено во Идлиб и да го даваме потребниот одговор заедно со нашето целокупно тешко оружје. Не можеме да ја оставиме оваа работа да се одвива по нејзиниот сопствен тек.“

Велејќи дека се завршени на продуктивен начин и официјалните посети коишто беа започнати на 17 октомври во рамките на турнејата по три западноафрикански држави (Ангола, Того и Нигерија), претседателот Ердоган напомена дека на тој начин до денеска се остварени 41 посета на 30 одделни африкански земји.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган укажа дека дури и оваа слика само по себе претставува конкретен показател за одлучноста на Турција по прашањето на развивање на нејзините односи со африканскиот континент, а воедно информира дека на остварените разговори со претседателите на Ангола, Того, Буркина Фасо, Либерија и Нигерија за време на оваа негова турнеја беа детално разгледани билатералните односи и регионални прашања.

 



Слични вести