Грчките војници брутално истепале и присилно вратиле во Турција 13 нерегуларни мигранти

Според добиени информации, вработените во едно градилиште во месноста Сарибајир во близина на границата со Грција забележале група истепани и изнемоштени нерегуларни мигранти во врска со што веднаш ја известиле полицијата.

1723100
Грчките војници брутално истепале и присилно вратиле во Турција 13 нерегуларни мигранти

Како што наведоа 13 нерегуларни мигранти со мароканско државјанство откако биле брутално истепани од страна на грчките војници на границата биле присилно испратени во Турција, по што овие лица беа лекувани во Едирне.

Според добиени информации, вработените во едно градилиште во месноста Сарибајир во близина на границата со Грција забележале група истепани и изнемоштени нерегуларни мигранти во врска со што веднаш ја известиле полицијата.

Како што се вели на телата на 13-те нерегуларни мигранти имало траги од нанесени повреди, а некои немаа ниту облека на себе.

Нерегуларните мигранти со мароканско државјанство истакнаа дека откако преминале во Грција биле фатени и брутално истепани со пендреци од страна на грчките војници по што преку реката Мерич (Марица) биле присилно испратени во Турција.

Нерегуларните мигранти беа однесени на лекување во болница во Едирне, а потоа и беа предадени на Дирекцијата на управата за миграција во градот.



Слични вести