Чавушоглу разговараше со своите колеги од Иран и Обединетите Арапски Емирати

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу разговараше телефонски со своите колеги, иранскиот министер за надворешни работи Хусејин Емир Абдулахијан и со министерот за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) Абдула бин Зајед Ал Нахјан

1723144
Чавушоглу разговараше со своите колеги од Иран и Обединетите Арапски Емирати

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговори со иранскиот министер за надворешни работи Хусејин Емир Абдулахијан и со министерот за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) Абдула бин Зајед Ал Нахјан.

Според добиени информации од Министерството за надворшени работи, во телефонскиот разговор меѓу Чавушоглу и неговиот ирански колега Абдулахијан, освен билатералните односи беа разгледани регионални прашања на чело со случувањата поврзани со Авганистан и Сирија.

Освен тоа, беше направена проценка и на прашањето со нуклеарните преговори.

Во остварениот телефонски разговор меѓу министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и неговиот колега министерот за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) Абдула бин Зајед Ал Нахјан пак, беа разгледани билатералните односи.



Слични вести