Во северниот дел на Ирак се неутрализирани двајца терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека се неутрализирани се двајца терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, утврдени во подрачјето на операцијата „Шепа-Тигар“ во северниот дел на Ирак

1722469
Во северниот дел на Ирак се неутрализирани двајца терористи

Неутрализирани се двајца терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, утврдени во подрачјето на операцијата „Шепа-Тигар“ (Pençe-Kaplan) во северниот дел на Ирак.

Во објавеното соопштение на профилот на Министерството за национална одбрана (МНО) преку социјалната мрежа Твитер се истакнува следното: „Здивот на турските војници Мехметчик е на вратот на терористите. Со интервенција на нашите јуначки командоси се неутрализирани двајца терористи на ПКК утврдени во подрачјето на операцијата 'Шепа-Тигар' во северниот дел на Ирак.“



Слични вести