Турција остро реагираше на тројниот самит на Грција, Кипарско грчката управа и Египет

Правата на Турција и на Кипарските Турци во Источниот Медитеран ќе продолжат да се бранат со голема решителност

1722390
Турција остро реагираше на тројниот самит на Грција, Кипарско грчката управа и Египет

По Самитот на лидерите на Грција, Кипарско грчката управа и Египет, Турција соопшти дека „Правата на Турција и на Кипарските Турци во Источниот Медитеран ќе продолжат да се бранат со голема решителност“.

Во писменото соопштение од Министерството за надворешни работи, беше истакнато дека по вчерашното соопштение објавено по трилатералниот самит одржан со учество на лидерите на Грција, Египет и Кипарско Грчката администрација е нова манифестација на непријателските политики на Грчкото-Кипарско грчко дуо кон Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК). Вклучувањето на Египет во ова соопштение е показател дека администрацијата во Каиро се уште не ја сфатила вистинската адреса каде и со кого може да соработува во Источниот Медитеран.

„Ние на пријателите и непријателите им покажавме дека ниту една иницијатива во Источниот Медитеран не може да биде успешна без вклучување на Турција и ТРСК“ беше истакнато во соопштението, во кое исто така беше наведено дека Турција ги поддржува енергетските проекти кои ќе ја зголемат соработката меѓу земјите од регионот, но овие проекти не треба да ги игнорираат правата и интересите на Турција и Кипарските Турци и треба да бидат инклузивни.

Во соопштението беше нагласено дела спротивно на изразите во декларацијата, главниот извор на напнатоста во регионот се максималистичките и незаконски тврдења на Грчкото-Кипарко грчко дуо за поморски граници и игнорирање на кипарските Турци. Во соопштението, исто така беше наведено дека изминатиот период беше даден неопходниот одговор на обидите за пробивање на континенталниот гребен на Турција, со цел да се зголемат тензиите во Источниот Медитеран и дека со голема решителност ќе продолжат да се бранат правата на Турција и Кипарските Турци.

Разбирањето што ги отфрла фактите на островот не може да придонесе за решавање на кипарското прашање. Би сакале уште еднаш да ве потсетиме дека нов преговарачки процес нема да биде возможен без регистрирање на суверената еднаквост и еднаквиот меѓународен статус на кипарските Турци.

Меѓудругото, поддршката на наведените земји на одредени нелегитимни групи што доведе до дестабилизација на Либија, сега се насочени кон меморандумот за разбирање што го потпишавме со легитимната влада на Либија, што претставува непочитување на интересите и суверенитетот на Либија“.

 



Слични вести