Претседателот Ердоган престојува во посета на Нигерија

Претседателот Ердоган, денес ќе ги започне официјалните средби, а од страна на нигерискиот претседател Мохамед Бухари во претседателската палата ќе биде пречекан со официјална церемонија

1722234
Претседателот Ердоган престојува во посета на Нигерија

 

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган престојува во посета на Нигерија, третата и последна дестинација од неговата турнеја на Африка...

Претседателот Ердоган, на меѓународниот аеродром Нанди Азикве во Абуџа, беше пречекан со официјална церемонија од страна на министерот за надворешни работи на Нигерија, Геофери Ониема, министерот на федералната зона на главниот град, Мухамед Муса Бело, амбасадорот на Нигерија во Анкара, Исмаил Јусуф Аба и турскиот амбасадор во Абуџа Хидајет Бајрактар.

Претседателот Ердоган, денес ќе ги започне официјалните средби, а од страна на нигерискиот претседател Мохамед Бухари во претседателската палата ќе биде пречекан со официјална церемонија. Ердоган и Бухари, кои ќе одржат тет-а-тет средба и ќе претседаваат со меѓуделегациските разговори, ќе присуствуваат на церемонијата на потпишување на договорите, а потоа ќе одржат заедничка прес-конференција.

Претседателот Ердоган ќе присуствува на официјалниот ручек што ќе биде приреден во негова чест од нигерискиот колега Бухари.



Слични вести