Ердоган: „Турција е подготвена да ги сподели своите можности во одбранбената индустрија со Нигерија“

Нигериските млади се многу среќни што особено студираат на универзитети во Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и затоа добиваат  турски стипендии

1722537
Ердоган: „Турција е подготвена да ги сподели своите можности во одбранбената индустрија со Нигерија“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Турција е подготвена да ги сподели своите можности во одбранбена индустрија со Нигерија.

По посетата на африканските земји (Ангола и Того), претседателот Ердоган одржа заедничка прес-конференција со претседателот на Нигерија, Мохамад Бухари во Абуџа, третата дестинација од неговата турнеја по Африка.

Ердоган рече дека на средбата со Бухари ги разгледале односите Турција-Нигерија од сите аспекти и размениле идеи како можат да ги искачат односите на повисоко ниво сите полиња.

Изразувајќи дека ги интензивираа односите меѓу Турција и Африка, Ердоган рече: „Бројот на нашите амбасади во Африка достигна 43. Третиот деловен форум Турција - Африка ќе го одржиме на 21-22 октомври во Истанбул. Потоа, на 17-18 декември во Истанбул ќе бидеме домаќини на Третиот самит за партнерство Турција-Африка во Истанбул“.

Нагласувајќи дека нигериските млади се многу среќни што особено студираат на универзитети во Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и затоа добиваат  турски стипендии, Ердоган рече: „Ние сме подготвени да ги споделиме нашите можности и способности со Нигерија во одбранбената индустрија и безбедносните полиња, а кои се ценети ширум светот“.

Изјавувајќи дека се сигурни дека чувствителноста на Турција во борбата против тероризмот ќе ја исполнат нигериските власти, Ердоган рече: „Долги години во Турција се боревме против разни терористички организации, вклучително и ПКК, ПЈД, терористичката организација ФЕТО, ДАЕШ. Продолжуваме да ги споделуваме потребните информации со нигериските власти за незаконските активности извршени од ФЕТО и во Нигерија, извршителот на предавничкиот обид за државен удар од 15 јули 2016 година.“

Нигерискиот претседател Бухари, во својот говор  рече: „Потпишавме договори за соработка во областа на енергетиката, одбранбената индустрија, рударството и јаглеводородите. Се надеваме дека овие договори в најскоро време ќе бидат спроведени“.



Слични вести