Собаџи: „ Светот сега има многу поголема потреба за повеќе дијалог, дискусии, здрав разум“

Глобалниот политички и економски систем се соочува со повеќедимензионални кризи и закани

1721996
Собаџи: „ Светот сега има многу поголема потреба за повеќе дијалог, дискусии, здрав разум“
Mehmet Zahid Sobacı.jpg

 

Генералниот директор на Турската радио телевизиска корпорација (ТРТ) Мехмет Захид Собаџи рече дека светот сега од кога било има многу поголема потреба за повеќе дијалог, дискусии, здрав разум и заедничко расудување, размена на идеи и развивање ново разбирање.

Собаџи го одржа воведниот говор на 5-от „ТРТ Светски форум 2021“, кој започна преку интернет на тема „Моќ и парадокс: Разбирање на големата стратегија во 21 век“.

Наведувајќи дека глобалните прашања што го засегаат целото човештво, два дена ќе се дискутираат на „ТРТ Светскиот форум“, на кој учествуваат околу 100 говорници од повеќе од 30 земји, генералниот директор нагласи дека светот сега е поотворен за дијалог, дискусија, здрав разум и заедничко расудување, размена на идеи и развивање и ново разбирање од било кога порано“.

Посочувајќи дека од крајот на 20 век, државите се соочуваат со некои заеднички проблеми со кои порано никогаш не се сретнале и кои се однесуваат на целото човештво, Собаџи ја направи следнава оценка: „Глобалниот тероризам, епидемиите како што е Ковид-19, еколошките катастрофи, глобалното затоплување, злосторствата на интернет и сајбер нападите, сложените проблеми што ги надминуваат националните граници, како што се масовните миграции и неправдите во распределбата на приходите, го оставија глобалниот политички и економски систем да се соочи со повеќедимензионални кризи и закани. Денес, соработката и меѓусебната зависност доаѓаат до израз за решавање на проблемите на меѓународно ниво. Ефективноста на глобалниот економски и политички систем, зависи од високото ниво на сеопфатна и непречена глобална соработка“.

Наведувајќи дека со „ТРТ Светскиот форум“, глобалните и регионалните прашања на агендата на меѓународната јавност ги изнесоа со полифонична и мултидимензионална перспектива, Собаџи рече: „Се стремиме да бидеме глас на загрозените региони, општества и поединци со нашиот радиодифузен пристап кој луѓето ги става во центарот. Нашата чувствителност ја пренесуваме на 41 јазик и дијалекти преку нашите телевизиски и радио канали и дигитални платформи на 7 континенти во светот“.

Нагласувајќи дека радиодифузерите исто така имаат големи одговорности во овој процес, Собаџи рече: „Новиот радиодифузен пристап што ги расветлува денешните проблеми и придонесува за зголемување на социјалната и глобалната свест, стана нераскинлив дел од ерата на дигитално управување. Во TOJ контекст, ’ТРТ Светскиот форум е платформа за интелектуални дискусии во обликувањето на иднината, поради што ние ја сметаме за многу вредна“.



Слични вести