Претседателот Ердоган: Поддршката на ТОГО на борбата на Турција против ФЕТО е за ценење

Претседателот Ердоган истакна дека поддршката на ТОГО на борбата на Турција против Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) е за ценење

1722039
Претседателот Ердоган: Поддршката на ТОГО на борбата на Турција против ФЕТО е за ценење

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во западноафриканската држава Того, втората станица од неговата турнеја по три африкански земји меѓу кои се наоѓаат и Ангола и Нигерија, од страна на претседателот Фор Есозимна Гнасингбе во претседателскиот дворец во главниот град Ломе беше пречекан со официјална церемонија.

По церемонијата двајцата лидери, Ердоган и Есозимна Гнасингбе, одржаа средба лице в лице, а потоа се премина на меѓуделегациски разговори.

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа на состанокот помеѓу делегациите на двете земји истакна дека постепено се развиваат односите помеѓу Турција и Того.

Ердоган напомена дека поддршката на ТОГО на борбата на Турција против Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) е за ценење.

Велејќи дека ќе му се донираат вакцини на Того за борба против новиот тип коронавирус (Ковид-19), претседателот Ердоган рече: „На Того, Буркина Фасо и Либерија, ѝ како Турција, ѝ како Турски совет, ќе им донираме вакцини во наредниот период.“

Тој се осврна и на борбата против Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) во врска со што го рече следното: „Поддршката на ТОГО на борбата на Турција против Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) е за ценење. Им благодарам за нивната одлучност во борбата против ФЕТО. Ние сакаме овие пријателски и братски земји да бидат исчистени од неволјата ФЕТО. Знаеме дека и тие го сакаат тоа. Во тој контекст ќе ја дадеме секој вид поддршка.“

Нагласувајќи дека со Того би можеле да фрлат чекори во сферите на одбранбената индустрија, земјоделството и воената безбедносна соработка, Ердоган рече: „Секогаш ќе продолжиме да заземаме место покрај Того.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган информира дека остварил 38 посети на 28 африкански земји, дека овие средби ќе бидат уште повеќе интензивирани и дека во кусо време ќе реализираат посети на уште 4 земји на континентот Африка.

Претседателот Ердоган по посетата на Того ќе отпатува за Абуџа, главниот град на Нигерија, последната станица од неговата турнеја по три африкански земји (Ангола, Того и Нигерија).

 



Слични вести