Кај градот Ван фатени 164 нерегуларни мигранти со авганистанско државјанство

Кај градот Ван, во источниот дел на земјата, во близина на границата со Иран, се фатени 164 нерегуларни мигранти со авганистанско државјанство

1722048
Кај градот Ван фатени 164 нерегуларни мигранти со авганистанско државјанство

Во населеното место Сарај кај градот Ван, во источниот дел на земјата, во близина на границата со Иран, се фатени 164 нерегуларни мигранти со авганистанско државјанство.

Според објавеното соопштение од Губернијата на Ван, од страна на екипите на градската комадна на жандармеријата во маалата Сиримли и Бакишик е реализирана операција во рамките на борбата против криумчарењето на нерегуларни мигранти.

Притоа во утврдени напуштени згради се фатени 164 нерегуларни мигранти кои влегле во земјата по илегални патишта.

Фатените мигранти им беа предадени на надлежните институции за понатамошна постапка.



Слични вести