Ердоган: „Решителни сме борбата во името на сите угнетени и жртви да ја подигнеме на повисоко ниво“.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган упати видео до „TRT World Forum 2021“

1721933
Ердоган: „Решителни сме борбата во името на сите угнетени и жртви да ја подигнеме на повисоко ниво“.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека „Турција е решителна борбата што ја води во името на сите угнетени и жртви да ја подигне на повисоко ниво“.

Во видео пораката што ја испрати до „TRT World Forum 2021“, претседателот Ердоган потсети дека човештвото одреден период се бори со голема здравствена криза која има големи економски, социјални, политички и човечки димензии и посочи дека она што се случи во овој процес, покажува дека ништо во светот нема да биде како порано.

Наведувајќи дека институциите одговорни за обезбедување мир и правда во светот уште еднаш потфрлија пред оваа криза што ја загрозува иднината на целото човештво, Ердоган рече: „Неразвиените земји и сиромашните општествени сегменти беа оставени на нивната судбина, додека протекционизмот во трговијата се зголеми, беа прекинати синџирите на снабдување. Заедно со економските проблеми, злосторствата од омраза во западните земји достигнаа застрашувачки размери.

Наместо да се борат против исламофобијата што го опкружува општеството како клетка на ракот, европските политичари размислуваат да го искористат, да го претворат во политички профит и да добијат гласови“, рече Ердоган

Посочувајќи дека сегашниот систем во светот, долго време не произведува правда и стабилност, Ердоган рече: „Со сегашната структура на овој систем, невозможно е да се продолжи каде исламскиот свет нема збор, барањата на Африка, Латинска Америка и Јужна Азија не се земаат во предвид, а се земаат во предвид само интересите на петте силни држави. Повеќе не може да се игнорира и занемарува потребата за реформи во Обединетите нации и другите меѓународни институции“.

Потсетувајќи дека како Турција, оваа потреба за реформи со години ја изразува со фразата „Светот е поголем од пет“, Ердоган рече: „Ние сме решителни да ја спроведеме оваа борба, која ја водиме во име на сите угнетени и жртви, на многу повисоко ниво“.

Ердоган изјави дека борбата ќе ја продолжат се додека не се воспостави глобален поредок, кој луѓето ќе ги стави во центарот, ќе им даде приоритет на правдата и правичноста, каде што правото е силно, а не силното“.



Слични вести