Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 223 лица, регистрирани се 30.862 нови позитивни случаи

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 223 лица, направени се 360.849 тестирања од кои се регистрирани 30.862 нови позитивни случаи

1722066
Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 223 лица, регистрирани се 30.862 нови позитивни случаи

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 223 лица.

Во изминатото деноноќие се направени 360.849 тестирања од кои се регистрирани 30.862 нови позитивни случаи.

Бројот на оздравени од Ковид-19 во изминатите 24 часа е 27.352 лицa.

Вкупниот број на администрирани дози вакцини во Турција со првата, втората и третата доза вакцина заклучно со денеска 19 октомври, вторник во 22:15 часот по турско време, се зголеми на 114 милиони 425 илјади 692.

 



Слични вести